Собирањето и транспортот на кабастиот отпадот, општина Кисела Вода ја врши бесплатно со свои возила од домовите на граѓаните. Со цел заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19, работниците кои се вклучени во акцијата, активностите ги вршат согласно препораките од Владата и Министерството за здравство.
Општина Кисела Вода уште еднаш апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота и со тоа да придонесат за чиста животна средина.