Предавачот, директорот на Академијата за протокол на Македонија, Лукреција Маљковиќ Атанасовска ја потенцираше важноста на изгледот како најсилен невербален говор. Таа посочи дека првиот впечаток за луѓето се добива во првите 4 секунди.
-“Луѓето во 55 % го перцепираат вашиот изглед, 38 % ве гледаат како зборувате, а само 7 % ве слушаат што зборувате. Тоа го покажуваат најновите истражувања” – информираше професорката Маљковиќ Атанасовска, укажувајќи на некои пораки кои можат да се прочитаат од изгледот.
Истовремено, таа укажа и на тоа како изгледот може да влијае врз децата, напоменувајќи им на присутните дека облеката треба да ги задоволи 3-те принципи на удобност, професионалност и индивидуалност.