Опасниот отпад е отстранет и безбедно е транспортиран низ транзитните држави Србија, Хрватска, Словенија и Австрија, како и во земјата увозник, во која ќе биде уништен, во Германија.
Оваа активност е дел од проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“.
Општина Кисела Вода им благодари на сите вклучени во отстранувањето на отпадот, кој со години претставуваше еколошка бомба.