Имено, во периодот од 10:00 – 14:00 часот, вработените во Општина Кисела Вода, заедно со сезонските работници и граѓаните ќе ги чистат следните локации:
- Локација Теферич (пешачка патека Теферич до Пржино – стар пат за Сопиште – збирно место: црквата кај Теферич и складот на Треска),
- Локација трим-патека (во должина од околу 2,5 километри, збирно место: пред Општина Кисела Вода),
- Локација пат Хемтекс (локален пат Пинтија – Горно Лисиче, збирно место: пумпната станица во Пинтија).
За сите учесници во акцијата ќе бидат обезбедени ракавици и пластични вреќи за отпад. Општина Кисела Вода апелира и ги охрабрува граѓаните активно да се вклучат во оваа акција и да се пријават на регистрациските пунктови каде ќе им се дадат инструкции за чистење, вреќи и ракавици.