10/14 2020
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од втора зона Припор, ул. „Христо Татарчев“, крак 14, 16, 18 и 22.
Прекинот ќе биде поради промена на шибери ф – 100 мм., во пумпена станица Припор и истиот ќе трае се до завршување на работните активности.