На состанокот градоначалникот Темелковски, заменик министерот Димитровски го запозна со функционирањето на Општина Кисела Вода, детално го информираше за реализираните проекти, а му ги презентираше и проектите, кои во следниот период Општината планира да ги реализира. Градоначалникот и заменик министерот дискутираа и за новиот Закон за локална самоуправа, и за тоа како уште повеќе да го подбрат квалитетот на животот на граѓаните.
На крајот, Темелковски и Димитровски ја нагласија и потребата за продолжување на успешната соработка на Општината со централната власт и со Министерството за локална самоуправа, соработка преку која досега направени се видливи промени кои донесоа подобар живот и во руралните и во урбаните населени места.
На заменик министерот, м-р Зоран Димитровски, градоначалникот Филип Темелковски му се заблагодари за нагласената поддршка и за дадените предлози, кои значат многу за функционирањето на Општината.