На улицата “Сердарот”, кај каналот на Мала Рада, беа засадени липи, јавори и врби кои освен тоа што ќе го разубават просторот, ќе помогнат и во намалување на аерозагадувањето.
Следната седмица акцијата продолжува во урбаната заедница Расадник, додека претходната зимзелени, листопадни и украсни садници, беа засадени во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги во Кисела Вода. Садниците се обезбедени како донација од компанијата „Цементарница Усје“, како дел од нивната програма за општествена одговорност.