Во активностите за садење дрва, вклучени беа повеќе членови на клубот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и општинските работници.
Празната површина, лоцирана покрај трим патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт Клуб Скопје збогатена е со три видови дрва: платани, јавори и јасени.
Општината и во иднина ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите општествено одговорни правни субјекти, компании и невладини организации, кои водат грижа за животната средина.