Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ на дерби натпреварот, одигран во спортската сала „Независна Македонија“, со резултат 64:40 (18:9,12:14,19:7,15:10) убедливо ја победија екипата на „Работнички“.
На натпреварот, од домашната екипа поени постигнаа: Димова Цветанка 21, Димитријевиќ Марија 18, Адамовска Сања 12, Јоловиќ Драгана 5, Лазареска Сандра 4, Блажевска Мартина 3, и Максимовска Сара 1 поен. Од гостинската екипа најпрецизни со постигнати 10 поени беа: Драгана Петковска и Кристина Тодевска.