Во акцијата денеска се вклучија вработените во општинската администрација, сезонските работници, но и граѓаните од сите месни заедници, кои чистеа на три локации: Теферич, трим-патеката и на локалниот пат Хемтекс (Пинтија – Горно Лисиче).
- “Сакаме да испратиме силна порака до граѓаните за развивање на свеста за современото управување со отпадот и потребата да ја превземат одговорноста како загадувачи и активно да се вклучат преку соодветни активности на локално ниво, истакна градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
Во знак на чистата животна средина и развивање на љубовта кон природата на најмалите, градоначалничката Беличанец – Алексиќ заедно со вработените посадија цвекиња и пред детската градинка „Кокиче“.
Во големата акција се вклучија и основните училишта од општината, кои во текот на изминатат работна седмица изведуваа акции за чистење на дворовите, училниците, изведоа акции за собирање на стара хартија, а испишаа и пораки за зачувување на животната средина.