Сениорите на „Ангели“, на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“, со резултат 83:56 убедливо ја победија досега непоразената екипа на КК „Борец баскет“ од Велес.
На натпреварот, со најмногу постигнати поени за домашната екипа, се истакнаа: Максим Митевски 23, Милорад Миновски 14 и Миле Станимировиќ 11. Од останатите играчи на „Ангели“ поени постигнаа и Лука Стојановски 10, Тино Мартиновски 8, Петар Огњеновиќ 6, Петар Прентовиќ 4, Тео Милевски 2, Лука Наумовски 2 и Ангел Јанев 1.