12/20 2020
Денеска на Меѓународниот ден на човечката солидарност порачуваме, солидарноста да ни биде секојдневие, да подаваме рака на секому, без разлика на верските, етничките и другите припадности и определби. Секогаш да им даваме поддршка на сиромашните, болните, немоќните и на сите оние на кои им е потребна помош.
Генералното собрание на Обединетите нации на 22 декември во 2005 година, 20 декември го прогласи за Меѓународен ден на човечката солидарност.
„Солидарноста е човечност, солидарноста е опстанок.“
- Антонио Гутереш, Генерален секретар на Обединетите нации