Партиципативното тело ќе биде составено од членови на комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.
Партиципативното тело ќе се формира од доброволно пријавени лица на јавниот оглас.
Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk и со излагање на истиот во писмена форма на огласната табла во просториите на Општина Кисела Вода.
До 11 февруари 2021 година, заинтересираните граѓани и правни лица, можат да ги достават своите доброволни пријави за членување во партиципативното тело на шалтерот на Општина Кисела Вода (барака 6), секој работен ден од 08:00 до 16:00.
Kayserinin en elit kayseri escort kadınları sizler için listelendi..