На овој проект му претходеа организирани посети на некои од позначајните спомен-обележја, како и новоизградени спомен-куќи и музеи, чија содржина на најавтентичен начин својствен за возраста на децата ги запозна со историското минато на македонскиот народ.
Од реализацијата на ликовното ателје се очекува да произлезат детски ликовни творби, кои ќе бидат дел од наградниот конкурс во организација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за култура и јавните детски градинки од градот Скопје.
Завршниот проект ќе се реализира во месец Ноември, каде по повод празникот на Град Скопје ќе се реализира голема неколкудневна изложба во музејот “Мала Станица”, на која ќе се изврши свечено доделување на наградените творби.