По тој повод, делегации од Општина Кисела Вода и Амбасадата на Унгарија предводени од градоначалникот Филип Темелковски и унгарскиот амбасадор Н.Е. Ласло Дукс, во населбата Драчево положија цвеќе пред спомен плочата на големиот унгарски поет и еден од најистакнатите водачи на Унгарската револуција од 1848 година, Шандор Петефи.
Настанот продолжи со доделување дипломи и награди на учениците кои учествуваа во проектот „Запознај ја Унгарија“ од Амбасадата на Унгарија и Здружението на Унгарците од Северна Македонија „Теледом” на тема „Патриотска поезија на Шандор Петефи“ и „Улогата на младите во настаните во Унгарија на 15 март 1848“.
Градоначалникот Темелковски и амбасадорот Дукс на учениците од општинските оновни училишта, кои подготвија најдобри литературни дела им поделија награди и дипломи. Децата пред присутните ги прочитаа победничките творби.
Дипломи и награди добија:
- I место - ученик Матеј Колигов - VII б одделение, ООУ „Рајко Жинзифов“, ментор Љуба Мишевска.
- II место - ученик Цветанка Коруноска - VIII в одделение, ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, ментор Билјана Велковска Зиковска.
- III место -ученик Михаела Стојческа - IX 3 одделение, ООУ „Кузман Шапкарев“, ментор Анета Јумбрукова Алексова.
Општина Кисела Вода и Амабасадата на Унгарија со одбележувањето на унгарскиот празник, уште еднаш го потврдија пријателството помеѓу македонскиот и унгарскиот народ.