Настанот ќе се одржи во сабота со почеток во 10 часот во новиот парк во уз 11-ти Октомври бараки . На настанот ќе учествуваат ученици од основните општински училишта на возраст од 12 до 14 години во дел од активности кои ќе вклучуваат полигонски компетитивни игри, стреличарство , работилница за рециклирање и друго. Активностите ќе се одвиваат на неколку локации во паркот со почитување на мерките на протоколот за заштита од КОВИД 19 (носење маска, дезинфекциони средства за раце и дистанцирање) .Настанот ќе се одвива до 12 часот , и истиот има за цел преку активностите да ја прикаже и промовира важноста на екосвеста и еколошката совесност, и оджувањето на заеднички зелени површини ,како новоотворениот парк , чисти и корисни за сите членови на општеството со созадавње на навики за чиста животна средина .На настанот ќе присуствуваат претставници на општинската администрација.