„Заслужено го освоивме првото место без изгубен натпревар, ниту сет во целата сезона. Во екипата имаме четири натпреварувачки кои се во пионерската репрезентација на Македонија. И јуниорките надмоќно го освоија првенството. Голем дел од нив настапуваат за сениорската екипа, и пет во јуниорска репрезентација на Македонија. После освојувањето на двојната круна во сениорска конкуренција нашите младински екипи успеаа да се изборат за Ф-4 во сите конкуренции. Единствена екипа сме што некогаш успеала во сите конкуренции да биде во финалните натпревари: сениорките беа шампиони и освојувачи на Купот на Македонија, јуниорките (родени 2002 и помлади) се шампиони, кадетките (родени 2004 и помлади) на 6 јуни во Битола ќе играат на финален турнир, и пионерките (родени 2006 и помлади) се државни шамипони. Од пет титули освоивме четири, за петтата ќе играме - изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.
„Многу голема благодарност до Општината Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски, кои ни се голема поддршка во секојдневната работа со која дојдовме до ваков успех. Нормално со ваков обем на екипи две женски во прва лига, и машка екипа во прва лига, јуниорите го освоија третото место. Оваа сезона во пресрет ни излегоа и други субјекти како Општината Гази Баба и Градот Скопје. Благодариме на сите и се надеваме на продолжување на оваа убава и успешна приказна од спортскиот живот“ - додаде тренерот на ЖОК „Јанта Волеј“.