Домаќинот на настанот, карате клубот “Маваши” од нас. Драчево, се претстави во одлично издание, односно од вкупно 25 натпреварувачи кои настапија за овој клуб, беа освоени 3 златни и 5 сребрени и 8 бронзени медали во сите конкуренции.
На турнирот беа доделени пехари и плакети со благодарници за придонес и афирмација на карате спортот на општината Кисела Вода, на Агенцијата за млади и спорт, на Карате федерацијата на Македонија, на полициската станица од нас. Драчево, основното училиште “Кузман Шапкарев” и фирмата Нела-АР за долгогодишната поддршка на овој турнир.