Реконструкцијата на кровот се реализираше преку учеството на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието МИМО, и во рамките на активностите за реновирање на училиштето на Компоноента 3 - Обезбедување стимул/реновирање на училиштето.
Површината на кровот кој беше од азбестни плочи е заменет со термоизолирани панели со исполна од самогасив полиуретан. Вкупната површина е 179 м2, која е пресметана како хоризонтална проекција на кровот.
Во ова училиште настава посетуваат 559 ученици од прво до деветто одделение.
Со замената на кровната површина се намалуваат штетните влијанија, и се создава подобра работна средина.