Согласно испитувањата направени од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје –Скопје, како овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода: јавната чешма кај врбите- Св. Руса, Драчево, каптиран извор-чешма во дворот на Св. Руса, јавната чешма на сред селото Драчево, чешмата во долот Усје, Бабина чешма во Припор и каптираниот извор во Установата за зависности.