Поразговара со претставниците од фирмата изведувач за да се евидентираат евентуалните проблеми при работата и уште еднаш ја искажа својата намера, сите постоечки депонии во општина Кисела Вода да се исчистат и да се претворат во паркови.
-Со одлично темпо се одвива чистењето, а веднаш потоа започнуваме со изградба на зелен парк. Граѓаните на 4000 квадратни метри, ќе добијат зелени површини, патеки за прошетки и рекреација, детско игралиште, катче за пензионери, ќе поставиме клупи и корпи за отпадоци. Од место кое го избегнуваа, ова ќе биде посакувана локација за одмор и рекреација. Веднаш по Дупки, стратуваме со градежни активности на друга депонија во општината. И таму ќе направиме парк. И ова ќе се случува се до последната депонија во Кисела Вода-најави градоначалникот Ѓорѓиевски.