-Денес, после 30 години на “Речиште” започнуваме со изградба на фекална канализација, проблем со кој нашите сограѓани се мачеа во изминативе 30-тина години, а беше и еден од приоритетите во нашата програма. Овде, денес започнуваме со зафат кој вклучува 1100 метри фекална канализација. Практично, цел овој појас овде, од преку 200 домаќинства ќе биде покриен и на тој начин ќе го решиме овој нивен долгогодишен проблем. За овој проект, ние како Општина издвоивме 17.5 милиони денари. Средства, пари од нашите граѓани кои ги насочуваме директно кон нив-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
На настанот, покрај претставниците на Советот, пратеници од Општина Кисела Вода и голем број од локалното население, присуствуваше и Претседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од чии редови беше избран градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој го поздрави почетокот на реализацијата на овој крупен проект и потенцираше дека местото на градоначалниците е меѓу граѓаните, дека нема простор за жалење од катастрофалната состојба, дека ракавите треба да се засукаат и дека треба да се работи.