Потоа беше извршено перење на плочниците и на оваа улица која се наоѓа во јадрото на Кисела Вода.
Сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода денес работеа и на друга локација. Се чистеше и друга мини депонија лоцирана околу улицата “Малешевска 1” во населбата Драчево. И од овој реон беше собрана голема количина на комунален смет, шут, кабаст отпад...
Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување на граѓаните и и почитување на законот за јавна чистота. Грижата за хигиената на јавниот простор треба и мора да биде заедничка одговорност.
Чистењето на општината ќе продолжи и во наредниот период.