Во него, ќе се предвидат активностите на Општина Кисела Вода во областа на животната средина во наредните шест години.
Личните видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за нивното настанување, ќе бидат добар показател при мапирањето на приоритетните еколошки проблеми и изнаоѓањето на соодветни краткорочни и долгорочни мерки за нивно разрешување. Токму затоа упатуваме јавен повик до нашите жители, претставниците на приватниот и јавниот сектор да одвојат време за да одговорат на поставените прашања и да дадат свој придонес при креирањето на, како највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина во наредните шест години.
Анкетата можете да се поплни на следниов линк https://rb.gy/3sqizi, или може да се појде во најблиската месна заедница и да се пополни во печатена форма.