Со две цистерни, три камиони, машини за метење, се собира сметот, се собираат паднатите лисја, се кастрат сувите надвиснати гранки, се мијат улиците, се расчистуваат автобуските постојки.
-Продолжуваме со големата акција за чистење и расчистување на општина Кисела Вода. Денес се работи заедно со јавното претпријатие кое е под надлежност на Градот Скопје, Комунална Хигиена, и кое има ингеренции над главните сообраќајници. Како што најавив, ги вклучивме сите ресурси, сите капцитети во насока на подигнување на хигиената и комплетно менување на ликот и имиџот на општина Кисела Вода. Ваквите акции ќе бидат редовни.-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Чистењето долж булеварот “Борис Трајковски” ќе продолжи и утре. Ќе се чисти на потегот од Пинтија до Драчево.