Се работи рачно и со механизација. Се собира сметот, се коси нараснатата тревна вегетација, се кастрат суви гранки. Во акцијата, своја поддршка даде и црквата Св. Спас за машинското чистење на делот пред гробиштата.
Општина Кисела Вода, во насока на обезбедување на почиста животна средина и понатаму ќе продолжи да интервенира на сите локации каде е забележано собирање на поголема количина отпад. Воедно, апелираме до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.