Со соодветна механизација, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода чистеа на улицата “Студеничанска” во селото Драчево, на улицата “Киро Фетак 1” покрај пругата, исчистена беше и депонијата на улица “Китка”, пред гимназијата во населбата Драчево. Камионите со собраниот отпад повеќе пати се упатија кон Дрисла.
Покрај нарушувањето на ликот на местата каде што се создаваат, дивите депонии се и вистински ризик по животната средина. Оттука, Општина Кисела Вода ќе продолжи со нивно расчистување, но апелира до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.