Денес се заврши со чистењето на големата депонија по насипот од реката Мала Рада. Два дена се работеше со механизација и камионите повеќе пати заминуваа на отпадот во Дрисла. Во текот на денешниот ден, се исчисти и депонијата покрај Хемтекс. Огромни количини на отпад беа отстранети и од оваа локација, во непосредна близина на патот кој води од Пинтија кон Горно Лисиче.
-Интензивно ќе работиме на расчистување на дивите депонии и на нивно место ќе создаваме зелени површини, паркови кои ќе се користат за прошетки, за одмор и рекреација. Апелирам до сите кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Кисела Вода мора да биде модерна, чиста и зелена општина и во таа мисија нема да има селективност и толеранција-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Чистењето на мапираните диви депонии продолжува и во наредните денови.