Обезбедени се 17.5 тони сол, а во текот на денешниот ден беа поделени околу 400 вреќи со сол по сите основни училишта, градинки, како и во месните и урбани заедници.
Со цел да овозможи непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот во зимски услови, по претходно спроведена јавна набавка, обезбедена е фирма која на терен ќе интервенира со возила специјализирани за чистење на снег од улиците. Дополнително, на располагање стојат и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.