Се работи за огромна црна точка на мапата на општината, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните кои не размислуваат за последиците по животната средина и ризикот по здравјето на луѓето.
Камионите натрупани со отпад од секаков вид, во текот на целиот ден го растовараа во депонијата во Дрисла. Денес ќе се работи цел ден, а ако има потреба, и во текот на утрешниот ден, се до конечно расчистување на оваа депонија.
Паралелно, во овие три дена се исчистија и седум други помали депонии во населбите Стаклара, Усје и во Кисела Вода. Во Стаклара, се прошири и патот каде што имаше наноси од поплавите и невремињата.
Покрај отстранувањето на депониите, беше извршено и машинско метење на повеќе улици во неколку урбани заедници. Со машини-метларки беа изметени улиците Иван Козаров, Народни Херои, Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Христо Татарчев. Чистењето на општината продолжува. Апелираме до сите наши жители, до сите граѓани за совесно однесување и за доследно почитување на Законот за јавна чистота. Загадувањето на средината во којашто сите живееме носи последици за сите подеднакво, вклучително и за загадувачите.