Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча.
-Денес стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекрши законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконие и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи поеднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.