Ова детско катче е многу често посетувано од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите, кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите.
Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња, активно течат. Во изминатиот период, Општина Кисела Вода темелно реконструираше две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”, а второто во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот “Борис Трајковски”.