Првиот дел се одржа на 29.10. 2013 година во ОУ “Круме Кепески“, каде учество зедоа учениците и ментори од шест основни училишта.
Најдобри познавања од противпожарната заштита покажаа учениците од од ОУ “Кузман Јосифовски - Питу” кои го освоија првото место. Втори беа учениците од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ”, додека трети беа учениците од ОУ,,Круме Кепески”.
Победниците ќе земат учество и ќе ја претставуваат Општина Кисела Вода на Градскиот противпожарен квиз натпревар.