На средбата се говореше и за унапредување на културната соработка, посебно што истата се случи во пресрет на Националниот ден на Унгарците, 15 Март. Општина Кисела Вода, oвој голем ден за унгарскиот народ, традиционално го одбележува заедно со Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија, чиј прв човек беше исто така гостин на на градоначалникот Ѓорѓиевски.
Амбасадорот Дукс ја потенцираше желбата за соработка и со градоначалникот Ѓорѓиевски договорија следен состанок, како и можност за збратимување на Општина Кисела Вода со унгарска општина која има сродни и слични потенцијали.