Посебен акцент се стави врз превенцијата од насилство кон младите и од вандализмот, за што беа договорени почести обиколки на местата каде што тие најчесто се движат, т.н. соседски патроли во кои покрај претставници од полицијата и општината, учествуваат и нивни родители, ќе се одржуваат и средби со граѓаните по месните заедници, а полицијата ќе земе активно учество и при надминување на сообраќајниите проблеми. Покрај ова, во фокусот беше ставена превенцијата од сајбер булинг, како форма на насилство која е најсилно изразена поради користењето на интернет и социјалните мрежи. Беше договорена серија активности во општинските основни училишта, предавања и работилници преку кои младите ќе се едуцираат како да препознаат и како да се заштитат од сајбер силеџиството кое зема замав низ светот.
Средбата беше заокружена со заклучок дека само со заеднички кординирани мерки и активности на овие институции жителите на Кисела Вода ќе добијат побезбедно и посигурно место за живеење.