Конкретно во моментов, екипи на фирмата А.Д. Енергомонт – Скопје, по налог на општината започнаа со изградба на атмосферската канализација по ул.”Локов” и “Ѓорѓи Димитров”. Согласно проектот, предвидено е да се изврши санација на постоечките сливници, а со изградба на нови улични сливници преку проектираните колектори, атмосферските води целосно да се одведат до постоечкиот колектот Ф 700 мм на ул. “Народни Херои”.
Атмосферската мрежа ќе се изгради во должина од околу 840 метри, каде ќе се постават полипропиленски канализациони цевки со различни дијаметри (Ф 300 – Ф 500 мм). Долж трасата на колекторот предвидено е поставување на ревизиони шахти од полипропилен ПП тип 1000.
Овој проект е целосна инвестиција на Општина Кисела Вода, за што од својот буџет издвои околу 7 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу четири месеци.