Дали ме малтретираат онлајн? Како можам да ја препознам разликата помеѓу шега и силеџиство на социјалните мрежи? Кои се ефектите од сајбер-силеџиство? Со кого треба да разговарам доколку некој ме малтретира онлајн и зошто е важно да пријавам? Ова беа само дел од прашањата за кои основците дебатираа со стручните лица, кои им дадоа насоки што ќе им помогнат да разберат што е сајбернасилство, какви форми има, како да се справат со него и како да го спречат.
Беа информирани и дека е отворена телефонска линија и електронска адреса на која сајбербулингот може да се пријави. Секој кој смета дека се соочува со сајбер насилство може да се јави на 071 30 30 11 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
-Насилството во виртуелниот простор, за жал, е многу често, може многу лесно да се пренесе во реалноста и децата можат да бидат и физички загрозени. Токму затоа, Општина Кисела Вода, полицијата и Црвениот Крст, го отпочнаа овој проект за превенција преку едукација. Заедно со учениците, наставниците и родителите сакаме да ја кренеме свеста за сето она што може да се случи преку сајбер булинг. Серијалот предавања ќе продолжи и во наредниот период низ сите општински училишта на оваа територија-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.