Покрај тоа што на ваквите средби има можност за изворно информирање за проблемите и побрза реакција кога решавањето директно зависи од локалната самоуправа, од нив произлегуваат и бројни идеи за реализација на нови проекти. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека е отворен за сите вакви предлози од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.
Приемните денови кои се одвиваат секојдневно, па и во денови на викенд, кога граѓаните имаат повеќе слободно време, ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.