Кучињата моментално се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде веќе им се направени првите потребни испитувања. По истекот на целиот хуман третман, ќе бидат објавени на социјални медиуми и официјална веб страна за вдомување.
Вчерашната, е во рамки на пролетната акција на јавните градски претпријатија на територија на општина Кисела Вода, која трае до крај на седмицава. Но, добрата соработка на Општина Кисела Вода со ЈП Лајка, секако продолжува и по завршувањето на оваа акција. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалувањето на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, и понатаму ќе останат да бидат високо на листата на делување на двете институции, за што, се надеваме, ќе ја имаме соработката и поддршката од сите наши жители.