Во овие денови кога се празнува Велигден, дозволете ми на сите граѓани од православна вероисповед да ви го честитам најголемиот празник со желби за добро здравје, семејна хармонија, меѓусебна почит и личен просперитет. Христовото воскресение е симбол за победата на животот над смртта, на љубовта над злото, симбол за чудата што ги носи божјиот благослов. Истрајноста, праведноста и чистото срце нека бидат вредностите кои секој од нас го движат напред, во секој нов ден. Нека Бог биде секогаш со вас! За многу години празникот – Христос воскресна!