-Големо е името Гоце Делчев. Големи се визиите, соништата за сплотена и слободна Македонија, борбата за идеалите. Големо е Гоцевото дело, кое и денес е наш завет пред иднината. Негувањето на споменот за овој великан кој со живот ја плати љубовта кон татковината, почитта со која го споменуваме е дел од кодот на секој вистински Македонец. И денес, 119 години по неговата смрт, се поклонуваме пред херојството, пред македонската историја која сакаат да ја искриват, обезличат и присвојат. Сега, Гоцевата е и наша борба, опстанокот наспроти сите негации на македонското постоење, македонската реалност и македонската вистина се аманетот кој тој ни го остави. Гоце е Македонија!- изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски кој положи цвеќе и се поклони пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.