Истите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент за поддржување на детскиот раст и развој.
Еден дел од мутивитаминските сирупи беа доделени на семејства со деца кои се во социјален ризик. Се работи за производ Бекутан кој содржи девет витамини кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата.
Грижата за децата и нивната здравствена заштита, останува да биде во преден план на функционирањето на Оштина Кисела Вода. Проектите, каков што е денешниот се значен сегмент од постигнувањето на ваквите цели. Општина Кисела Вода сака да и се заблагодари на Алкалоид АД Скопје, која преку оваа донација уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност.