-Минатата сезона завршивме во шампионски стил, се надевам дека и оваа сезона ќе бидеме шампиони на ,,Кисела Вода“, - вели тренерот Сувариев и продолжува.- Паузата во првенството ќе ја искористиме за доигрување, па оттука размислувам да закажам неколку пријателски средби. Овој тим има потенцијал и за државното првенство и се надевам, дека, до март за кога се закажани средбите во нашата сала ,,Независна Македонија“ ќе бидеме подготвени за нови победи, - заврши професорот Вангел Сувариев, тренер на осноците од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“.
Инаку, утре со почеток во 12.00 часот во спортската сала ,,Независна Македонија“ се играат средбите: ,,К.Кепески“ - ,,Св.К.Охридски“, ,,К.Шапкарев“ - ,,Ќ.Пејчиновиќ“ и ,,Р. Жинзифов“ - ,,К.Ј.Питу“.