Денеска, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ на свечен начин додели нови 42 решенија за легализација за бесправно изградени објекти.
“-Со денешново јавно доделување на решенија за легализација, бројот на решени предмети се качи на 2083, од вкупниот број на достасани предмети – 11.873. Од нив 5283 се во административна постапка, а 4520 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат)” – информираше Беличанец Алексиќ.
Таа ги потсети граѓаните дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година, што подразбира дека околу 4.500 граѓани од Кисела Вода имаат само уште неколку месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат.
-“На крајот, сакам да ја искористам оваа прилика за да упатам апел до сите жители на Општина Кисела Вода да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакум простор, бидејќи, ќе се соочат со Општинската градежна инспекција. Сакам да Ве информирам дека Општинската градежна инспекција е перманентно на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а истата не е подведена под Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена” – заврши Беличанец - Алексиќ.