Со акцијата за санација на коловозот беа опфатени улиците: “Филип Клајиќ”, “14-та Бригада”, “Таки Даскалот”, “Шандор Петефи”, “Гутенбергова”, “Волтерова”, “Марија Кири”, “Радое Дакиќ”, “Ѓорѓи Динката”, “Робеспјерова”, “Живко Фирфов”, “Славчо Стојменски”, “Бранко Заревски”, “Андреа Петковиќ”, “Ниџе планина”, “Гандиева” и “Славка Динкова” во населбата Драчево.
Во месната заедница Припор се реконструираа кракот 24, кракот 26 и дворот на ПОУ “Круме Кепески”, додека пак во месната заедница Усје целосно се реконструираше улицата 4 на површина од околу 700 квадратни метри.
Во населбите 11-ти Октомври – бараки и Градинар се реконструираа улиците: “Лазар Димитров”, “Кумановска”, “Спиро Гулапчев”, “Ефтим Спространов”, “Андреј Димишков”, “Димитар Мирасчиев” и кракот 7 во Градинар, а заврши и реконструкцијата на улицата 474 во населбата Бирарија.
Во моментов екипи на фирмата “Бауер БГ” работат на улиците: “Славка Динкова” во Драчево, кракот на ул. 4 во Усје, улицата 37 во Припор и кракот бр. 118 на улицата “Востаничка”.
Во следниот период, согласно динамиката за работа ќе се пристапи кон реконструкција на краците 6, 22, 28 и 30 во Припор, кракот 2 на улицата “Партизански пат” во Драчево и улицата 3 во Усје.
Истовремено, со павер елементи ќе се поплочат и краците 31, 33, 36а и 2а во населеното место Припор.
Со реконструкцијата на овие нови улички ќе се подобри сообраќајната инфраструктура во овој дел од Кисела Вода, а на жителите ќе им се олесни пристапот кон другите делови од општината и кон центарот на градот.