Се работи на четири улици на кракот 18 од улицата “Саса”. Со градежни активности се опфатени и неколку улици во населбата и во селото Драчево, на површина од околу 500 квадратни метри.
Во изминатите две седмици со бекатон се поплочува кракот на улицата “Киро Фетак”, а до крајот на оваа недела ќе биде завршено поплочувањето и на кракот на улицата “Солунска Глава”. Градежните активности за подобрување на естетиката , но и функционалноста на улиците не само во овие, туку и во другите месни и урбани заедници, ќе продоли со несмалена динамика и во наредниот период.