Во сите петнаесет населби и месни заедници се метеа улиците, се кастреа гранки, се косеше нарасната тревна вегетација во парковите, на трим патеките и секаде каде што имаше потреба. Се собираше кабаст и комунален отпад.
Ваквите акции за подигнување на хигиената и обезбедување на животна средина која е пријатна и безбедна за сите жители на општина Кисела Вода, ќе продолжат да се одвиваат со несмален капацитет. Се надеваме дека и граѓаните преку своето совесно однесување, посебно во делот на правилното одложување на отпадот, ќе дадат свој придонес во креирањето на новиот лик на општината. Грижата за хигиената на јавниот простор треба и мора да биде заедничка одговорност.