Објавувањето на информации на сопствена иницијатива, почитувањето на законскиот рок за доставување на одговори, обезбедувањето на пристап до законски предвидените информации за надлежноста, услугите и за тековните проекти, буџетската и финансиска транспарентност, редовното ажурирање на општинската веб страница, се само дел од критериумите на истражувањето кое ја позиционираше Општина Кисела Вода во првите три скопски најтранспарентни општини.
Целосната транспарентност, отчетност и одговорност на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општинската администрација се насоката по која Кисела Вода ќе се движи и во периодот што следува. Првите резултати се видливи, статистички мерливи, а најголемиот бенефит веќе го чувтвуваат граѓаните, за кои, за разлика од порано, вратите на општината се секогаш отворени.