11/11 2013
Согласно динамичниот план, вечерва (11.11.) општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населените места Стаклара-Каменик и Кисела Вода.
Првата средба ќе се одржи со жителите на Стаклара – Каменик со почеток во 18:30 часот, додека пак во 20:00 часот, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети месната заедница во населбата Кисела Вода.