Во Општина Кисела Вода е креиран тим за комуникација со граѓаните кои претрпеа штета, во главно од силниот ветар кој однесе настрешници, гранки и откорна делови од покриви.
Ги упатуваме дека штетите можат да се пријават во Општина Кисела Вода, барака 12, соба 4, кај лицето Далибор Стојановски или на телефон 070/259-873. Воедно, ги известуваме граѓаните дека будно ја следиме метеоролошката состојба, на располагање се ставени сите расположиви ресурси на Општината, а во интензивна комуникација сме и со јавните претпријатија и службите на Градот со цел да се превенираат последици при евентуално повторно невреме.